Речиси секој втор Британец признава дека не знае да подготви божиќна вечера „од А до Ш“.

Според резултатите од анкета, 73 отсто од Битанците тврдат дека не се во можност да направат месо печено во рерна со зеленчук и прелиено со сос, што е традиционален божиќен оброк во Велика Британија. Токму последната ставка од божиќното мени е најголемата пречка за испитаниците – 81 отсто од нив сметаат дека тешко ќе можат да подготват сос од брусница.

Кога станува збор за десертот, 73 отсто од испитаниците тврдат дека не се во можност да подготват божиќен пудинг од сливи натопен во алкохол. Околу 55 отсто ​​од испитаниците велат дека се потпираат на другите да им готват, додека 15 отсто од нив целосно ќе се откажат од идејата за Божиќна вечера, додека осум отсто од испитаниците планираат да одат во паб или ресторан за Божиќ.

Кога станува збор за новогодинешните одлуки за 2022 година – 41 процент од испитаниците изјавиле дека сакаат да научат како да подготват комплетен божиќен оброк следната година.

Анкетата е спроведена на интернет од „ЦензусВајд“ (Censuswide) за синџирот супермаркети „Co-op“ и опфатила 2.001 испитаник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.