Работодавачите во Русија треба да бидат обврзани да им обезбедат на вработените три слободни денови по секоја фаза на вакцинација против корона вирусот, соопшти Институтот за социјални истражувања и развој на граѓански иницијативи.

Иако Русија беше прва во светот што се разви вакцина против корона вирусот, вакцинацијата во земјата се одвива прилично бавно. Досега, само 27 отсто од Русите се целосно вакцинирани со две дози. За споредба, во Западна Европа процентот надминува 70.

Во врска со масовната вакцинација против корона вирусот, која во моментов е во тек во Русија, ве молиме разгледајте ја можноста за воведување обврска за работодавачите да им обезбедат на сите вакцинирани работници три задолжителни платени слободни денови – побара Максим Петунин, директор на институтот.

Петунин објаснува дека со нормална реакција на телото од покачување на температурата, подобро е вакцинираното лице да остане дома.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.