Повеќе од 3,2 милиони австралиски државјани, што претставува 13,6 отсто од населението, живеат под границата на сиромаштијата, што е најлошата стапка на сиромаштија меѓу другите богати држави во светот, се вели во новиот извештај на австралискиот Совет за социјални работи, пренесува „Камбера тајмс“.
Не е во ред што во Австралија, една од најбогатите земји во светот, повеќе од три милиони луѓе, вклучително и три четвртини од еден милион деца, живеат во сиромаштија. Сакаме да се поддржуваме едни со други. Такви сме како нација. Но, нашата економија ги остава луѓето зад себе, со постојано високи стапки на сиромаштија и покрај децениите непрекинат економски раст – рече извршниот директор на советот, Касандра Голди.
Во овој број се вклучени повеќе од 770.000 деца под 15-годишна возраст, што е речиси 18 отсто од сите деца во Австралија.
Во Австралија, линијата на сиромаштија е оданочени 457 долари неделно за еден возрасен човек, а разликата помеѓу приходите на луѓе во сиромаштија во различни видови семејства и границата на сиромаштија е 282 долари неделно, откриваат авторите на извештајот.
Според групата, владата може да ја намали сиромаштијата преку зајакнување на растот на работните места и со помагање во трошоците за домување, кои се меѓу највисоките во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.