Според последното соопштение на Министерството за здравство на Италија, секој 36 Италијанец бил заразен со Ковид-19, а во последните 24 часа се регистрирани 23.225 новоинфицирани лица, пишува агенцијата „Анса“.
Сите епидемиолошки податоци покажуваат дека кривата на инфекцијата запира, освен кога е во прашање бројот на смртни случаи – вчера 993 пациенти починаа како последница на Ковид-19 што е најголем број смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата во Италија.
Комесарот за вонредни ситуации Доменико Аркури рече дека бројките се алармантни и дека не треба да се забораваат кога се одлучува за нови анти-корона мерки.
Вирусот е сè уште силен, но ние сме во состојба да ја држиме ситуацијата под контрола – рече Аркури.
Тој верува дека олеснувањето на ограничувањата против Ковид-19 сега би било опасно и би значело соочување со трет бран од пандемијата.
Би било невозможно луѓето да се вакцинираат против коронавирус во услови на нов бран на инфекција – рече Аркури.
Во Италија, земја со 60 милиони жители, досега се регистрирани над 1.660.000 случаи на зараза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.