Учесниците на интерактивната дебата на тема животната средина и човековите права, што се одржува во Стразбур, порачаа дека „дошло време за дејствување“.
Настанот го отворија претседателот на ПССЕ, Рик Даемс и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, по што следеше видео порака за поддршка од генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.
Претседателот на ПССЕ, кој ја покрена иницијативата за настанот, прочита и извадоци од писмото за поддршка од папата Франциск.
На панелот зборуваа и унгарскиот претседател Јанош Адер, претседателот на Италијанската комора за пратеници, Роберто Фико, португалскиот заменик министер за животна средина, Едуардо Пинеиро, судијата на Европскиот суд за човекови права, Тим Ајке, и белгиската активистка за клима и човекови права Ануна де Вевер Ван дер Хејден.
Панелот се одржа паралелно со дебатата во ПССЕ за седум одделни извештаи на тема „Право на здрава животна средина“, насочена кон генерирање на „промена на парадигмата“ за зацврстување на правото на „безбедна, здрава и одржлива животна средина“ во законодавството, политиките, практиките и јавното мислење низ Европа, по што даден е и предлог за нов протокол на Европската конвенција за човекови права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.