Седум лица загинаа загинаа, а четвротица се повредени во несреќата што се случи ноќва во Морахалом, Унгарија, во близина на границата со Србија, кога автомобил со српски регистарски таблички се забил во ѕид од куќа.

Полицијата наведува дека несреќата се случила откако возачот одбил да застане кога полициски службеници му покажале знак „стоп“ и наместо тоа ја забрзал брзината на возилото. Во автомобилот пренесувал десет илегални мигранти, од кои седум загинале на лице место, додека тој и останатите тројца мигранти се повредени.

Возачот е приведен, а против него ќе се води постапка за криумчарење луѓе и предизвикување несреќа со многу жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.