Русија извести за 2.774 нови случаи на зараза со коронавирус за еден ден, со што вкупниот број достигна 21,102. Особено драматична e состојбата во Москва, жариштето на епидемијата, која се соочува со недостиг на болнички кревети. Властите во Москва предупредуваат дека може да се појави недостиг од болнички кревети поради растот на пациентите во следните две до три недели, и покрај големите напори да се реши проблемот.

Најмногу погодена од коронавирусот низ цела Русија е Москва, која почна да оспособува некои болници само за пациенти заболени од Ковид-19, но официјалните лица велат дека тоа нема да биде доволно. Бројот на новозаразени достигна 1.489 во Москва, со што вкупниот број на заболени е 13.002. Околу 6.000 московјани се лекуваат дома.

Оперативниот штаб предвидува дека и покрај мерките за изолација ќе има недостиг на болнички кревети во наредните две до три недели, соопшти руското Министерство за здравство.

Московските власти затоа одлучија да оспособат уште 24 болници за пациенти со „ковид 19“ и сакаат да имаат вкупно 21,000 расположливи кревети во рок од 10 дена.

Заменик-градоначалникот Анастасија Ракова предупреди дека ситуацијата станува се подраматична.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.