Во Германија постојано расте бројот на десничарски екстремисти коишто имаат дозволи за поседување оружје, а веќе им се познати на германските власти.

На крајот на декември, властите имале околу илјада и двесте потврдени или осомничени десничарски екстремисти на нивниот радар на национално ниво, кои легално поседуваа оружје – што е зголемување за речиси триесет и пет проценти во споредба со крајот на 2019 година.

Бројките ги соопшти германската влада како одговор на истрагата на политичката партија „Дај Линке“.

Зголемувањето на бројките ја докажува зголемената закана од неонацисти и расисти. Како што се очекуваше, вклучувањето на разузнавачката служба не се покажа како ефикасна мерка против вооружување на десничарската сцена – вели пратеничката, Мартина Ренер.

Томас Халденванг, претседател на германската агенција за внатрешно разузнавање „Верфасунгсшуц“, лани изјави дека разузнавачките податоци покажуваат дека има мали десничарски екстремистички групи кои собираат оружје.

Закон што стапи во сила во февруари лани, бара од „Верфасунгсшуц“ да биде прашан дали некое лице е на нивниот радар како екстремист пред да се издаде дозвола за оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.