Холандската Влада донесе одлука да воведе нови мерки за „заклучување“ на земјата, што, меѓудругото, вклучува и затворање на училиштата и продавниците на најмалку пет недели.

Од полноќ па до 19 јануари се затвораат училиштата, продавниците што не се од витално значење, музеите, спортските сали, театрите и фризерски салони.

Како што соопшти холандскиот премиер Марк Руте, од среда сите училишта и универзитети во земјата ќе треба да се префрлат на онлајн настава.

Нновите мерки Руте ги најави на телевизија зборувајќи од неговиот кабинет во Хаг. Додека тој зборуваше, однадвор можеше да се слушне како демонстрантите го исвиркуваат.

Реалноста е дека ова не е некој невин вид на грип, како што мислат некои луѓе, како на пример  демонстрантите кои се надвор, туку вирус што може сите тешко да не погоди – порача Руте.

Во Холандија од почетокот на пандемијата на корона вирусот се заразија 621.944 лица, додека починаа 10.082 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.