Рестораните, кафулињата и продавниците во Санкт Петербург што не се неопходни ќе бидат затворени од 30 октомври до 7 ноември. Указот потпишан од гувернерот Александар Беглов, предвидува затворање и на козметичките салони, спортските центри и целата неприоритетна трговија. Одлуката нема да важи за аптеките, бензинските пумпи и продавниците за храна.
Во наведениот период, базените, аква парковите и другите рекреативни објекти, вклучително и оние за деца, ќе имаат ограничен влез, а центрите за јавни услуги ќе бидат затворени. Властите во Санкт Петербург ја суспендираа работата на институциите за култура во неработни денови, освен театрите и музеите, а забавните, спортските и рекреативните настани се забранети.
Санкт Петербург досега има потврдено 683.103 случаи на заразени со Ковид-19, со што е најпогодениот руски регион по Москва. Оздравени се 623.226, а починати 23.296 луѓе. Во изминатите 24 часа се регистрирани 3.360 нови инфекции во овој, втор по големина град во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.