Во владиниот авион на Јапонија, со кој јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска отпатува во Тајланд, избувна пожар кој е изгаснат за кратко време, соопштија властите.

Пожарот го зафатил задниот дел на авионот „Боинг 777-300 ЕР“, додека членовите на екипажот ја подготвувале храната за време на летот и веднаш го изгасиле, пренесува јапонската агенција Кјодо.

Како што е наведено, никој не е повреден и не бил променет планот на летот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.