По минтонеделното сослушување и одговорите на дополнителните прашања кои во писмена форма гу достави до членовите на Европскиот парламент, кандидатот на Унгарија за европски комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархелји доби зелено светло за извршување на оваа функција во наредниот период. Тој беше поддржан од
Европскиот Парламент треба во наредните недели да се состане на пленарна седница и да го изгласа целокупниот состав на тимот на избрана претседателка, Урсула фон дер Лајен. Комисијата би требало да започне со работа на 1 декември, со еден месец задоцнување.
Од тогаш Вархелји, за кого се вели дека е близок до унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе почне во име на ЕУ да се занимава со прашањето за проширување на Унијата, што значи ќе има доста контакти и со Македонија во текот на процесот.
На Вархелји, кој доаѓа како наследник на Австриецот Јоханес Хан, му претстои доста тежок период имајќи предвид дека и самата ЕУ е поделена кога станува збор за внатрешните реформи и проширувањето и е соочена со прашања како тој процес треба да изглда.
На земјите од Западен Балкан, меѓу кои и на Македонија, може да им оди од рака тоа што следниот комесар за проширување е од Унгарија, земја која силно се залага за проширување на Унијата кон овој регион и која секогаш била против разни „кочења“, тапкање во место, одоговлекување…
Трочањи одбиен, Верхелји во игра
За Оливер Вархелји се зборуваше многу во последниот период, поради тоа што првиот кандидат на Унгарија за оваа функција, Ласло Трочањи беше одбиен поради судир на интереси.
Идниот комесар за проширување е искусен дипломат го поминал скоро цел работен век работејќи со и за ЕУ. Но, како што пишуваат унгарските медиуми, во истовреме е лојален на Орбан и неговата влада. Токму тоа беше една од работите кои во прв момент ја „закочија“ неговата кандидатура, затоа што европратениците не беа сигурни дека ќе биде во можност да се огради или своите должности да ги извршува независно од ставовите на Орбан.
Нема да бидам врзан, ниту под влијание на било која изјава или позиција на било кој премиер од било која земја или било кој претставник на било која влада, одговори Вархелји во едно од додатните прашања.
Commissioner-designate for EU’s Neighbourhood and Enlargement policy #Várhelyi has been given the green light by the @EP_ForeignAff Committee. We are looking forward to the final vote on the new @EU_Commission led by @vonderleyen next week in Strasbourg. #EPHearings2019 #EPlenary pic.twitter.com/JuKbWQe70N
— EPP Group (@EPPGroup) November 18, 2019
Унгарските медиуми го опишуваа Вархелји како дипломат кој не е склон кон договори, туку само кон потполна победа. Oние кои го познаваат за него велат дека е компетентен и добро подготвен професионалец кој има јасен поглед за тоа како функционираат работите во Брисел.
Исто така, пред две години за него се шпекулираше како за можен кандидат за министе за надворешни работи на Унгарија, бидејќи унгарската влада нема толку пријателски односи со Брисел, за разлика од него кој со години работи околу Унијата.
Во септември „Hvg.hu“ пишуваше дека Вархелји е сигурна кладба, бидејќи не е член на владеачката партија Фидес и не е директно вклучен во владата на Орбан, за разлика од првиот кандидат Трочањи, кој како министер за правда беше еден од координаторите на унгарското законодавство кое Европскиот парламент жестоко го критикуваше.
Оливер Вархелји е претставник на Унгарија во ЕУ кој последните 25 години се занимава со политиката на Унијата во Европската комисија во разни министерства, а исто така, работеше и на влегувањето на Унгарија во Унијата.
Вархелји студираше европско право во Данска, а се стекна со диплома за право на Универзитетот во Сегедин во Унгарија. Од 1995 година е во јавните служби, прво како приправник во Министерството за индустрија и трговија во Канцеларијата за европски работи.
Како што пишува „Hungary today“ набрзо потоа станува одговорен за координација и усогласување со ЕУ.
Во Брисел првпат оди во 2001 година, две години пред Унгарија да ѝ се приклучи на Унијата, кога е поставен за правен советник на унгарската мисија во ЕУ. Три години е шеф на правната служба на постојаното претставништо на Унгарија при ЕУ, после што се враќа во Будимпешта да го води отсекот за ЕУ право во Министерството за правда.
Во 2008 година повторно е пратен во Брисел, каде работел во Европската комисија, па потоа кратко повторно се враќа во Унгарија, за во 2015 година да биде поставен како прв човек на унгарската канцеларија во ЕУ.
Извор: Блиц.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.