Сирискиот претседател, Башар ал-Асад, на церемонија во претседателската палата во Дамаск, положи заклетва за четвртиот седумгодишен мандат на функцијата.

Асад се заколна на верност кон Уставот и Куранот во присуство на повеќе од 600 гости, вклучувајќи министри, бизнисмени, универзитетски претставници и новинари.

Претседателските избори во Сирија се одржаа на 26 мај, а Асад освои 95,1 процент од гласовите.

Земјата веќе 10 години е во граѓанска војна во која загинаа речиси половина милион луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.