Американскиот Стејт департмент нуди 1 милион долари како награда за „идентификување или лоцирање“ на Хамза бин Ладен – син на озлогласениот терорист од Ал каеда, Осама – предупредувајќи дека тој ги следи стапките на својот татко.

Хамза бин Ладен „се истакнува како лидер во франшизата (Ал каеда)“, напиша на Твитер портпаролот на Стејт департментот, истакнувајќи дека синот на најпознатиот човек во државно спонзорираниот тероризам објавува „аудио и видеопораки на интернет повикувајќи ги своите следбеници да вршат напади врз САД и нивните западни сојузници“, дури и се заканува со свои напади врз САД, во одмазда за убиството на неговиот татко од страна на американските војници во мај 2011 година.

Бин Ладен помладиот во 2017 година беше прогласен за „специјално означен глобален терорист“, што значи дека на американските државјани им е забрането да комуницираат со него економски или на друг начин, и дека тој е на листата на ОН на терористи – што носи ембарго на оружје, замрзнување средства и забрана за патување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.