Во пожар во канадската сојузна држава Онтарио изгореа две цркви, а локалните власти не ја исклучуваат можноста пожарот да бил подметнат.
Во извештајот на телевизијата ЦТВ се наведува дека двете запалени цркви се оддалечени само седум километри, како и дека пожарите избувнале во интервал од шест часа.
Иако и двата верски објекти изгореле до темел, немало човечки жртви.
Канада деновиве ја потресе и друг инцидент кога млад човек облечен во средновековна облека и вооружен со меч уби две лица и рани петмина во неделата вечерта во центарот на Квебек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.