Филипински воен авион во кој биле најмалку 85 лица, се урна додека пробувал да слета на островот Сулу. Спасени биле најмалку 40 лица. Но, потврдено е дека загинаа најмалку 19 патници.

„Си Ен Ен“ јавува дека шефот на вооружените сили на Филипини го потврдил рушењето на авионот, и дека во моментов е во тек спасувачка акција.

На местото каде што се урнал авионот се гледа густ чад. Авионот бил од типот Ц-130Х со воени трупи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.