Седуммина рудари загинаа при уривање на рудник за јаглен во северен Авганистан поради експлозија на гас, а единаесет се уште се под земја, соопштија локалните власти.

Не се надевам дека ќе ги најдеме живи бидејќи рудникот е полн со отровни гасови – рече Садик Азизи, портпарол на провинцијата Саманган, каде што се случи несреќата.

Жителите и службите се обидуваа да ги извлечат рударите цела ноќ, но засега не успеваме, рече Мохамад Султан Султани, шеф на округот Дара-е-Софа.

Ваквите несреќи не се невообичаени во земја каде што рударите честопати работат без заштитна опрема и обука за безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.