Во планинската област в близина на Порто, вториот по големина град во Португалија, се урна хеликоптер со четири лица, а се стравува дека сите се загинати.

Португалската служба за итна помош соопшти дека операција за спасување е во тек, но хеликоптерот се уште не е пронајден, пренесе Ројтерс.

Државната телевизија РТП и дневниот весник „Корејо де Мања“ јавија дека хеликоптерот паднал, при што загинале двајцата пилоти, медицинска сестра и лекар, кои биле во леталото.

Хеликоптерот на брзата помо исчезнал синоќа околу 18.30 часот, откако во болницата во Порто пренесол 76-годишен пациент со срцеви проблеми.

Хеликоптерот се враќал во базата во Браганса, кога се урнал поради лошите временски услови, соопштија од службата.

Портпаролот на региналните противпожано-спасувачки служби рече дека околу 200 спасувачи трагаат по хеликоптерот, пренесе британската агенција.

Сподели
Facebook



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.