Дел од зградата на универзитет во Санкт Петербург се урна попладнево, а под урнатините има затрупани луѓе, соопштија очевидци и локалните власти.

Инцидентот се случи денеска на Универзитетот за информатички технологии, механика и оптика додека се одржувала настава, пишува „Раша тудеј”. Во тек е спасувачка операција. Најмалку 60 луѓе биле евакуирани од зградата по несреќата, а се стравува дека под урнатините се наоѓаат дури 21 лице.

На фотографиите кои се објавени по уривањето се забележува голема дупка на покривот од зградата, како и густа прашина.

Несреќата најверојатно е предизвикана од градежните работи во зградата, каде горните катови делумно се распаднале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.