Најмалку три лица загинаа откако болнички хеликоптер се урна во оддалечена шумска област во државата Охајо. Хеликоптерот тргнал да пренесе пациенти од една во друга болница.
Несреќата се случила околу седум часот изутрина по локално време. Загинатите лица биле дел од медицинскиот тим. Медицинскиот тим од болницата Маунт Кармел во Гров Сити требало да пренесе пациент во Померо.
Остатоците од хеликоптерот се пронајдени по три часа од започнувањето на спасувачката акција во оддалечена шумска област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.