Два товарни брода се судрија во Балтичкото Море меѓу данскиот остров Борнхолм и јужниот шведски град Истад, јавија денеска шведските медиуми, повикувајќи се на шведската поморска управа.

Едниот брод е регистриран во Данска, а другиот е британски, објави шведската телевизија СВТ на својата веб-страница.

Еден брод се преврте. Не знаеме точно како се случи. На данскиот брод имаше најмалку две лица, изјави портпаролот на Шведската поморска управа Јонас Францен.

Во тек е голема спасувачка операција, јави СВТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.