Најмалку 15 лица загинаа откако се сруши брана во рускиот регион Краснојарск, соопштија од руското Министерство за вондредни работи.

Од руското министерство соопштија дека несреќата се случила на реката Сејба недалеку од Шетинкино утринава во околу 6 часот по локално време. Браната била на резервоар со вода кој ѝ припаѓал на рударска компанија каде што работеле околу 270 луѓе.

После рушењето, реката ги поплавила привремените стамбени објекти каде што престојувале работниците. Во тек е голема спасувачка акција, а според руските медиуми, најмалку 15 лица го загубиле животот.

Од руското Министерство за водредни работи соопштија дека спасувачката акција е во тек и дека се повикани спасувачи од соседните региони за справување со катастрофата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.