Жена од Јужна Флорида, која примила една доза вакцина против корона вирусот додека била бремена, неодамна се породила, а нејзиното дете е првиот регистриран случај во светот на бебе родено со антитела на корона вирусот по вакцинирањето на мајката.
Двајца педијатри го претставија своето откритие во претходно отпечатена статија, што значи дека нивните тврдења допрва треба да бидат потврдени од професијата, пишува „Гардијан“.
Лекарите Пол Гилберт и Чад Рудник велат дека мајката ја примила првата доза вакцина на „Модерна“ во јануари, во 36-тата недела од бременоста.
Жената родила силно и здраво девојче три недели подоцна.
Истражувачите ја анализирале крвта на бебето од папочната врвца и откриле антитела за време на раѓањето.
Според наши сознанија, ова е прв пријавен случај во светот на бебе родено со антитела по вакцинацијата – вели Гилберт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.