Во Колумбија се породи 10-годишно девојче, а државните власти соопштија дека најверојатно била силувана од осумгодишна возраст.

Гувернерот на Толима, Рикардо Орозко, за локалните медиуми изјавил дека полицијата верува дека девојчето било злоставувано од нејзиниот очув или 23-годишен работник во зградата.

Неименуваното десетгодишно девојче сега е во болница во градот Ибаг, а наводно е од општината Прадо во Толима.

Гувернерот вчера пред новинарите изјави дека десетгодишната мајка се грижела за бебето 26 дена и дека истрагата покажала дека таа најверојатно била силувана уште од нејзината осумгодишна возраст.

Главните осомничени се 43-годишен очув и 23-годишник кој работи во станбената зграда во која живее девојчето.

Во Колумбија, на жените и младите девојки им е дозволено да абортираат доколку бременоста претставува опасност за мајката, ако фетусот е физички деформиран или ако бременоста е резултат на силување, па за властите е нејасно зошто на оваа девојче не и бил дозволен легален абортус.

По тој повод, Орозко ги повика граѓаните да пријават какво било дело на сексуална злоупотреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.