Видео од кинеска болница во провинцијата Хубеи се појави во јавноста, на кое се гледа жена која се пораѓа, а за која постои сомнение дека е заразена со коронавирус.

Доенчето веднаш било однесено на испитување.

Лекарите ја породуваат жената облечена во заштитни костуми.

Најмалку 56 луѓе досега починаа од коронавирусот, а околу 2.000 се заразени.

Бидејќи веќе нема доволно болнички кревети, надлежните почнаа да градат нова болница која се очекува да биде завршена за само неколку дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.