Здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон се подобрува, соопшти Би Би Си.

Џонсон (55) беше хоспитализиран во болницата „Свети Томас“ во неделата навечер по повеќедневна зголема телесна температура и кашлица, како последица на Ковид-19. Во понеделникот беше преместен на Одделот за интензивна нега, каде добил кислород.

Работите, за него, одат на подобро – изјави денеска британскиот министер за култура Оливер Довден.

Тој дополни дека Џонсон седи во болничкиот кревет и комуницира со медицинскиот персонал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.