Петгодишното девојче, кое во понеделникот беше пронајдено прегладнето и дехидрирано, се опоравува со помош на тим експерти. „Женското Могли“, како што ја нарекоа руските медиуми, беше пронајдена полугола и запоставена во стан во Москва, преполн со фекалии, ѓубре, бубашваби…
Во прв момент било утврдено девојчето не знае да комуницира, туку само да испушта звуци. Подоцна утврдиле и дека не знае како да се нахрани, како и дека многу се плаши од вода.
Малата Љубов, како што ја нарекоа спасувачите, сега е под заштита на правобранителот за деца Ана Кузњецова, која и ги сподели со јавноста првите фотографии од болницата и опоравувањето на девојчето.
Било кое овошје или храна која ќе му ја понудевме, прво ќе ја мириснеше, па дури потоа ќе ја земеше со прсти. Многу е вознемирувачко за гледање. Никој не ја научил дека се спие на кревет. Многу се мачевме додека да ја заспиеме. Многу се плаши од вода, раскажала Кузљњцова за руски „Скај њуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.