Британскиот водиш на извидници Стив Волш (53) се смета за прв „суперносител“ на коронавирусот, односно лице кое заразило значително поголем број луѓе од очекуваното.
Волш дошол во контакт со коронавирусот по службеното патување во Сингапур во јануари, по што заминал на Француските Алпи, каде можел да зарази други луѓе со вирусот, пред да му биде утврдена болеста и е хоспитализиран. Од британската Национална здравствена служба соопштија дека тој би можел да ја прошири болеста од Кина во Европа поради своите патувања.
Меѓу лицата, кои веројатно ги заразил, се петмина државјани на Велика Британија, кои биле заедно со него во Франција, меѓу кои е и едно деветгодишно момче.
Уште едно лице кое е заразено на Алпите е маж, кој по зимскиот одмор се вратил на Мајорка.
Поради Волш, француските власти тестирале уште 61 лице меѓу кои се деца и членови на семејства кои се наоѓале во одмаралиштето во истиот период кога и британскиот бизнисмен.
„Скај њуз“ наведува дека Волш со коронавирус заразил 11 лица.
Штом дознал дека е изложен на коронавирусот, тој веднаш разговарал со својот матичен доктор.
Ми советуваа да одам во изолирана соба во болница, и покрај тоа што не покажував никакви симптоми, а после тоа се изолирав во мојата куќа според инструкциите кои ми беа дадени. Кога дијагнозата ми беше потврдена, бев упатен во изолиран дел од болницата, а во карантин е ставено и моето семејство, рекол Волш.
Сепак, и тој и неговата сопруга се плашат дека ќе стане жртвено јагне за нешто што воопшто не е виновен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.