Аеродромот на шпанскиот остров Ла Палма е затворен поради облак од пепел што избива од вулканот кој е „активен“ веќе една недела. Научниците соопштија дека се отворил уште едно вулкански кратер, изложувајќи ги островјаните на можни нови опасности.

Интензитетот на ерупцијата, која почна на 19 септември, се зголеми во изминатите денови, што доведе до евакуација на уште три населени места на островот. Речиси 7.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Операторот на аеродромот Ла Палма Аена соопшти дека аеродромот не е во функција поради наталожен пепел.

Другите аеродроми на Канарските Острови се уште се во функција, иако некои авиокомпании ги прекинаа летовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.