Мајкл Блумберг ја повлече кандидатурата за Белата куќа по слабите резултати од супервторникот
Пред три месеци влегов во трката за претседател за да го поразам Доналд Трамп. Денес од истата причина ја напуштам трката – рече тој.
Блумберг, поранешен градоначалник на Њујорк, потроши повеќе од половина милијарда долари во трката да стане кандидат од Демократска партија.
Тој рече дека сега ќе го поддржи поранешниот потпретседател Џо Бајден.
Отсекогаш верував дека поразот на Доналд Трамп почнува со обединување зад кандидатот со најголеми шанси да го стори тоа. По вчерашното гласање, јасно е дека тој кандидат е мојот пријател и голем Американец, Џо Бајден, рече Блумберг во соопштението.
Од 14-те држави што гласаа во вторникот, милијардерот успеа да победи само во американска Самоа.
Џо Бајден победи на девет држави, што е извонреден скок за неговата кампања.
Поранешниот потпретседател на САД ги поби предвидувањата дека ќе освои тесна победа во клучната држава Тексас над неговиот главен противник, Берни Сандерс.
Сепак, се очекува Сандерс да ја освои Калифорнија – најголемата награда на вечерта – како и три други држави.
Тие ја водат трката за во ноември да се соочат со републиканскиот претседател Доналд Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.