Жителите на Гдањск уште од синоќа масовно се одзваа на повикот на лекарите и локалните власти за донација на крв за 53-годишниот опозициски политичар, како и за останатите пациенти кои се сместени во истата болница, пишуваат медиумите и додаваат дека пред ординациите и утринава се забележани редици од луѓе кои доброволно се пријавуваат да донираат крв.
Градоначалникот на Гдањск, Равел Адамович, кој синоќа за време на хуманитарен настан беше избоден се наоѓа во тешка здравствена состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пренесуваат тамошните медиуми.
„Пациентот е жив, но неговата здравствена состојба е многу лоша. Операцијата траеше пет часа, му дадовме многу крв. Повредите беа многу тешки. Тој има тешка повреда на срцето и стомакот. Наредните неколку часа се одлучувачки“, изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар за тамошните медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.