Oколу 45.000 посетители имаше овогодинешниот Меѓународен филмски фестивал на Трансилванија ТИФФ, но според последните податоци, за време на фестивалот никој не се зарази со ковид-19. Како што соопштија организаторите, тоа најмногу се должи на строгите мерки, како задолжително носење на маска, одржување на дистанца меѓу посетителите, ограничен број на публика за време на проекциите, како и мерење на температура на влезот.

Изминатите години, публиакта на познатиот филмски фестивал во романскиот град Клуж знаела да достигне и до 130 илјади посетители во текот на десетината дена на одржување, но иако поради пандемијата тој број беше намален годинава, сепак, е за поздрав.

Фестивалот првпат се одржуваше на отворено, па од 31 јули до 9 август проекции се следеа на школски игралишта, во дворови на цркви, пред трговски центри, во парк…

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.