Поранешниот извршен директор на ,,Данске Банк” од Естонија , кој се наоѓал среде скандал за перење пари тежок 200 милијарди евра , е најден мртов во Естонија.
Полицијата соопшти дека по дводневната потрага по исчезнатиот Аивар Рехе , кој во Естонија управувал со ,,Данске Банк” од 2006 до 2015, го нашле неговото тело во неговата куќа во градот Талин.
Полицијата не дава дополнителни информации, но претходно соопшти дека постои можност 56-годишникот да се самоубие.
Државниот радиодифузер ЕРР денес објави дека сите знаци укажуваат дека Аивар Рехе си го одзел животот.
Естонскиот огранок на Данска банка е во центарот на една од најголемите измами за перење пари во историјата, со околу 200 милијарди евра сомнителни пари од Русија, Молдавија и Азербејџан во последните десет години.
Поради оваа афера, започната е кривична истрага во банката, како и кај нејзините извршни директори во САД, Данска, Естонија и Франција. Естонските обвинители вчера соопштија дека Рехе не бил еден од осомничените.
Во моментов, 10 поранешни вработени се осомничени во Естонија, претежно од понизок ранг, додека данските обвинители обвинија неколкумина високи извршни директори, меѓу кои и поранешниот извршен директор Томас Борген и главниот финансиски директор Хенрик Рамлау-Хансен.
Рехе претходно изјавил за локалните медиуми дека ги почитувал мерките против перење пари, но сепак се чувствувал одговорен за скандалот.
Јас ја водев банката 10 години, тие беа мои луѓе – изјавил Рехе за „Postimees“ во март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.