Светската здравствена организација објави правила за испитување на африканските растителни лекови за корона вирус.
Научната потврда би била единствена основа за усвојување на сигурна и ефикасна традиционална терапија. Кој било традиционален лек, што ќе биде оценет како ефикасен набрзо би можел да се произведува – се наведува во сопштението на СЗО.
Според СЗО, новите правила се насочени за помош и поттикнување на научниците во Африка да спроведат соодветни клинички испитувања.
Во светот се развиваат околу 140 потенцијални вакцини против Ковид-19, а десетина веќе се тестирани на луѓе во клиничките испитувања.
Покрај тоа, дадено е одобрение за три клинички истражувања во кои се користат традиционални африкански лекови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.