Од утрово, во голема акција на италијанската полиција, 160 лица вмешани во криминал завршија во истражен затвор, пренесуваат италијанските медиуми.

Акцијата била спроведена на целата национална територија, а уапсените припаѓале на разни криминални организации, вклучително и на мафијата, кои учествувале во набавка на големо и дистрибуција на дрога.

Членовите на калабриската криминална организација „Ндрангета“, кои дејствуваа во северниот регион Ломбардија, беа уапсени во градот Лече.

Началникот на полицијата во Месина изјави дека „операцијата му зададе голем удар на организираниот криминал“, дека акцијата следела по неколкумесечни обемни истраги и дека повеќе од 750 полицајци од сите служби учествувале во утринската акцијa



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.