Саудиската активистка за човекови права, Лужеин ал Хатул, е ослободена по скоро три години затвор.

Лужеин е ослободена – напиша нејзината сестра Лина на Твитер, додавајќи дека активистката пристигнала дома.

Лужеин ал Хатул (31) на 29 декември беше осудена на пет години и осум месеци затвор. Таа беше прогласена за виновна за „разни активности забранети со антитерористичкиот закон“.

Mедиумите објавија дека бил земен предвид периодот на нејзиниот притвор до судењето и дека дел од казната вклучува условна затворска казна. На Лужеин ал Хатул и е забрането да ја напушта земјата во следните пет години.

Активистката беше приведена пролетта 2018 година под сомнение за сторени кривични дела кои вклучуваат дејствија насочени кон промена на политичкиот систем поради кампањата за правата на жените и комуникација со странски новинари, дипломати и организации за човекови права.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.