Сенаторот Берни Сандерс синоќа официјало даде поддршка на кандидатурата на неговиот соперник во трката за претседателска номинација, поранешниот потпретседател Џо Бајден.
Чекорот е насочен кон обединување на демократите во пресрет на изборите во ноември.
Сандерс ја прекина својата изборна кампања пред само пет денови, и сега, се појави заедно со Бајден и посочи дека коронавирусот е причина за обединувањето.
Се предвидува дека Бајден ќе добие ветер в грб со поддршката од Сандерс, и тоа во момент кога се чинеше дека кампањата е во втор план поради пандемијата.
-На вас лежи огромна одговорност, изјави Сандерс кога прифати Бајден да биде заеднички претседателски кандидат, укажувајќи дека земјата се наоѓа во досега незабележана здравствена и економска криза.
„Сите заедно треба да сториме се, Трамп да остане со еден мандат“, рече сенаторот од Вермонт.
Уште пред изјавата на Сандерс, кампањата на Бајден почна со повици до неговите поддржувачи во обид да се зближат ставовите на прогресивните и умерени струи во Демократската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.