Општинските службеници во Сан Франциско ќе бидат обврзани да се вакцинираат против корона вирусот откако една од постојните вакцини ќе добие целосно федерално одобрување за употреба.

Мерката, што опфаќа 35.000 вработени во општинските служби, може да биде прва од ваков вид во кој било град или округ во САД, објави „Сан Франциско кроникл“.

Вработените кои ќе одбијат да се вакцинираат, а не се опфатени со исклучоците поради здравствени или религиозни причини, би можеле да бидат отпуштени, пишува весникот.

Трите моментно достапни вакцини против Ковид-19 во САД се употребуваат со вонредна дозвола на американската Агенција за контрола на храна и лекови. Тие се очекува да бидат целосно одобрени за неколку месеци, по што општинските службеници во Сан Франциско ќе имаат десет недели да бидат имунизирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.