Жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати веќе ја дочекаа 2022 година.
Тие први во светот влегоа во новата година со огномет, а Самоа донела пет експерти за пиротехника од Нов Зеланд за да направат огномет.
По овие острови, следна во новата 2022 година влегува Австралија, исто така со огномет. Во огнометот во Сиднеј ќе бидат испукани шест тони пиротехника.
И покрај епидемиолошките мерки, повеќе десетици луѓе ќе го гледаат огнометот во живо на улиците.
Но, поради епидемиолошката состојба секој што ќе сака ќе мора однапред да резервира билети за една од 30-те точки од кои ќе се следи спектаклот, кој ќе се пренесува во живо на телевизија.
Новата Година во овие моменти ја дочекува и Нов Зеланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.