Само луѓе кои примиле вакцина или имаат стекнат имунитет од Ковид-19 ќе може да одат да вршат омра, мал аџилак во Мека за време на муслиманскиот месец на постот Рамазан, што почнува во средината на април.
Саудиското министерство за аџилак објави дека „само на лицата имунизирани за корона вирусот“ ќе им биде дозволено да вршат аџилак или молитви во Големата џамија во Мека на почетокот на Рамазан.
Тие луѓе спаѓаат во три категории, оние кои примиле две дози вакцина, оние кои примиле само една доза 14 дена порано и оние кои биле излекувани од корона вирусот – соопштија властите.
За време на Рамазан во Мека обично има голем број верници од Саудиска Арабија и други муслимански земји.
Мал аџилак, или омра, може да се изведува во текот на целата година за разлика од аџилакот што е еднаш годишно. Малиот аџилак беше прекинат во март 2020 година поради пандемијата, а на почетокот на октомври полека почна да се враќа со мерки на претпазливост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.