Само 38% од граѓаните на Соединетите американски држави во моментов го одобруваат одговорот на претседателот Доналд Трамп на новата пандемија на коронавирус, покажува анкетата спроведена од „ЕјБиСи Њуз“ и „Вашингтон пост“.

Справувањето со короната на Трамп во овој поглед падна за 13 процентни поени од крајот на март.

Во споредба со март, рејтингот за одобрување на одговор на Ковид-19 на Трамп исто така изгуби 9 процентни поени кај републиканците, што претставува намалување од 88% на 79%, забележано во јули. Додека кај републиканците падот е од 25% на само 4%.

Покрај ова, 64% од испитаниците изјавиле дека не веруваат во забелешките на Трамп за пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.