Пред денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј на кратко остана заклучена во автомобилот во моментот кога требаше да излезе од возилото. Вратата на луксузниот автомобил не се отвораше и покрај настојувањата на вработените да ја пуштат премиерката да излезе.

Конечно, еден од членовите на делегацијата на Меј успеја да го стисне вистинското копче за таа излезе и да се поздрави со Меркел, која трпеливо сама ја чекаше на црвениот тепих.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.