Матео Салвини, лидер на најпопуларната италијанска партија Лига и поранешен потпретседател на Владата, ја критикуваше Европската унија за однесувањето за време на пандемијата од коронавирус и се закани со излегување на земјата од Унијата.

Тоа е лудост. На Европа ѝ требаат уште 15 дена за да реши што да прави и кому и како да му помогне, ако воопшто помогне. И тоа, среде вонредна состојба, со луѓе што денес умираат од пневмонија, а утре можеби од сиромаштија, изјави тој за онлајн весникот „Афариталијани“.

На прашањето дали во светло на сериозните противречности во ЕУ и одбивањето на Германија и на државите од северот на барањата на Италија сè уште има смисла да се остане во таква унија, Салвини со категоричен одговор.

Тоа е сè освен унија, легло на змии и на чакали. Прво ќе го победиме вирусот, а потоа ќе размислиме за Европа. И, ако треба, ќе се збогуваме. Без дури и да се заблагодариме, порача првиот човек на најпопуларната партија во Италија според последните анкети, на кои има поддршка од 30,1 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.