Матео Салвини, челникот на суверенистичката десничарка партија Лига, се чини привремено се откажа од барањата за оставка од владата, и предложи сите главни партии заедно да работата на големите проблеми на Италија.
Ваквиот пресврт на Салвини, чијашто партија според рејтингот на најсилната политичка сила во Италија, ги изненади многумина, а некои го интерпретираа како знак дека ги губи надежите дака коалицијата составена од порано антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) и левата Демократска партија, би можела наскоро да се распадне.
Да седнеме на масата и да најдеме договор за петте приоритети на оваа земја: штедењето, политиката на раст, правосудството, инфраструктурата и здравството, пред да биде предоцна, а потоа можеме да ги одржиме изборите“, напиша Салвини на твитер.
Во август поради големиот рејтинг Салвини ја напушти владата со Движењето пет ѕвезди, во која беше вицепремиер и министер за внатрешни работи, но не успеа да издејствува предвремени избори на коишто според анкетите поединечно ќе освоеше најмногу мандати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.