Лидерот на десничарската партија Лига Матео Салвини, кој го предизвика падот на првата италијанска популистичка влада и е исклучен од идната власт, повика на демонстрации на 19 октомври во Рим.

Мислам дека 19 октомври ќе биде голем ден на италијанската гордост, рече Салвини.

Премиерот Џузепе Конте на 8 август беше присилен да поднесе оставка кога Салвини ја повлече својата поддршка за владата.

Демократите и движењето Пет ѕвезди вчера се договорија да формираат нова влада предводена од Конте, со што, барем засега, е избегната опасноста од предвремени избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.