Сојузот на десничарски партии, предводен од доскорешниот италијански вицепремиер Матео Салвини победи на регионалните избори во Умбрија и со тоа го презеде историското упориште на левицата и и нанесе сериозен удар на владеачката коалиција во Рим.
Адвокатката Донатела Тесеи, кандидатка на партијата Лига на Салвини, освоила 57,6 отсто од гласовите. Таа ја имаше поддршката и од неофашистичката партија Италијански браќа ((Fratelli d’Italia, FdI) како и од Напред Италија (Forza Italia) на поранешниот премиер Силвио Берлускони.
На второ место се најде Виченцо Бјанкони, кандидат на граѓанското општество кој беше поддржан од Движењето Пет ѕвезди (M5S) и Демократската партија (PD), освојувајќи 37,5 отсто од гласовите.
Иако регионот Умбрија има само 900.000 жители, регионалните избори биле тест за владеачката коалиција M5S i PD. Таа проевропска коалиција пред два месеца ја замени популистичката влада на Движењето Пет ѕвезди и Лига, која Италија ја водеше од јуни 2018 година до август годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.