Италијанската владејачка партија „Лига“, денеска соопшти дека до Сенатот ќе упати предлог за изгласување недоверба на владата и оти се надева дека земјата наскоро ќе излезе на избори.

„Оние коишто губат време ѝ нанесуваат штета на државата“, наведуваат од партијата „Лига“, пренесува Ројтерс.

Ние сме подготвени. Ниту малку не сме загрижени за положбата во владата и никогаш не сме ни биле“, рече потпретседателот на италијанската влада, Луиџи Ди Мајо, обвинувајќи го вториот вицепремиер Салвини, кој убедливо води на анкетите за популарност, дека ја користи земјата за лична промоција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.