Министрите за финансии и за здравство од 20-те најголеми светски економии (Г20) нагласија дека сакаат 70 отсто од светското население да се вакцинира против Ковид-19 во следните осум месеци и формираа работна група за подобра борба против пандемијата.
За да помогнеме во унапредување на глобалните цели за вакцинација на најмалку 40 отсто од населението во сите земји до крајот на 2021 година и 70 отсто до средината на 2022 година, ќе преземеме чекори за да помогнеме да се зголеми понудата на вакцини и основни медицински производи и суровини во земјите во развој и отстранување на ограничувањата во снабдувањето и финансирањето, се вели во заедничката изјава на министрите на Г20.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.