САД воведоа санкции кон Раул Кастро и неговите деца, како нов притисок за Куба во врска со поддршката за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Како прв секретар на Кубанските вооружени сили, Кастро е одговорен за поддршката на таа земја за поддршката на поранешниот венецуелски претседател Мадуро преку насилство, заплашување и репресија – изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, повторувајќи го ставот на Вашингтон дека Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела.
Помпео тврди дека кубанските безбедносни сили, во договор со војската и разузнавачките служби на Мадуро, биле вмешани во грубо кршење и злоупотреби на човековите права, вклучително и тортура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.