Американската агенција за храна и лекови уште во четврток ќе ја дозволи бустер дозата на Фајзер за сите Полнолетни. Потег кој ќе го зголеми бројот на Американци кои можат да примат трета доза за десетици милиони, објави Њујорк Тајмс.
Комитетот на експертите за вакцини на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) закажа состанок за в петок на кој ќе се разговара за податоците за ефикасноста и безбедноста на бустер дозата.
Тоа би значело дека секој возрасен кој добил втора доза вакцина најмалку шест месеци претходно ќе може да ја прими третата веќе овој викенд.
Компанијата Фајзер пред една недела побара дозвола на бустер дозата за сите полнолетни луѓе во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.